Зошто е важно да користите двофакторска автентикација (2FA)

Во денешниот дигитален свет, безбедноста на вашите онлајн профили / сметки е поважна од било кога. Едноставната лозинка повеќе не е доволна за заштита на вашите податоци и веб-страници. Токму тука доаѓа двофакторската автентикација (2FA).

Што е 2FA?

2FA е дополнителен слој на безбедност кој бара две форми на потврда на идентитетот при најава:

  1. Лозинка (нешто што го знаете)

  2. Код од апликација за автентикација или SMS (нешто што го имате)

Со ова, дури и ако некој ја знае вашата лозинка, нема да може да пристапи до профилот /сметката без вториот фактор.

Зошто да го користите?

  • Заштита од хакирање – дури и при компромитирана лозинка, вашиот профил / сметка останува заштитен.

  • Заштита на податоците – безбедноста на вашите веб-страници, е-пошта и важни податоци се зголемува.

  • Сигурност за вашите клиенти – ако имате веб-страница или хостинг услуги, вашите клиенти ќе бидат безбедни од неовластен пристап.

  • Лесна за користење – повеќето апликации за 2FA се едноставни и брзи за конфигурирање.

Како да започнете?

Најчесто, 2FA се активира преку:

  • Апликации како Google Authenticator или Microsoft Authenticator

  • Backup codes за вонредни ситуации

💡 Нашите клиенти можат да ја активираат 2FA во својот cPanel профил со неколку клика за максимална заштита. Упатство за активација е достапно на следниот линк.


Заклучок:
2FA е наједноставниот и најефикасниот начин да ја зголемите вашата онлајн безбедност. Вклучете ја денес и обезбедете безбедна иднина за вашите податоци и веб-страници.

Нов правилник на МАРНЕТ 11-2024

Почитувани корисници, МАРНЕТ на 25.11.2024 година донесе нов ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И УПРАВУВАЊЕТО СО ВРВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРНЕТ ДОМЕНИ. Во следните неколку недели потребно ќе биде и ние како овластен регистратор да се усогласиме со истиот. Начинот на регистрација и ажурирање на .mk и .мкд домените ќе претрпат значителни промени.

ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И УПРАВУВАЊЕТО СО ВРВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРНЕТ ДОМЕНИ е достапен на следниот линк

За да олесниме на крајните корисници ќе се обидеме да ги поставиме сите можни сценарија што произлегле од досегашната работа.

  1. Процедури за правни лица:
    1.1. Дигитално поднесување на формулар за регистрација
    1.1.1 Сценарио број 1
    Правно лице сака да регистрира домен и поседува квалификуван дигитален сертификат за напреден или квалификуван дигитален е-потпис, издаден на физичко лице поврзано со правно лице, наменет за деловни потреби, издаден од некој од овластените издавачи во нашата земја, КИБС или Македонски телеком.

Регистрација на .mk или .мкд домен се прави исклучиво со пополнување на формулар за регистрација.

Кон барањето за домен се приложува и заверена фотокопија од Актот со кој е извршен упис во соодветен регистар утврден со закон или друг доказ утврден со закон за стекнато право за вршење дејност.

Двата документи дигитално потпишани се праќаат на info@server.com.mk

  1. Процедури за физички лица:
    Дигитално поднесување на формулар за регистрација
    2.1.1 Сценарио број 2
    Физичко лице сака да регистрира домен и поседува квалификуван сертификат за напреден или квалификуван електронски потпис се издава на физичко лице, наменет за лично користење, издаден од некој од овластените издавачи во нашата земја, КИБС или Македонски телеком.

Регистрација на .mk или .мкд домен се прави исклучиво со пополнување на формулар за регистрација.

Формуларот за регистрација, дигитално потпишан се праќа на info@server.com.mk

 

 

Ажурирање на податоци и промена на лозинка

Почитувани корисници, Ве замолуваме податоците на вашиот профил да бидат постајано ажурирани.
На вашиот профил можете да се најавите преку следниот link https://secure.server.com.mk/billing/login

Доколку ја имате заборавено лозинката истата можете да ја ресетирате. Постапката е следна:
1. Пртиснете на линкот Заборавена лозинка?
2. Внесете ја вашата е-адреса која е поврзана со вашиот профил
3. Притиснете на копчето Ресетирај ја лозинката
4. Доколку е-адресата која ја внесовте е поврзана со профил во нашиот систем ќе добиете е-порака со упатство за ресетирање на лозинката.