Почитувани корисници, Ве замолуваме податоците на вашиот профил да бидат постајано ажурирани.
logo_server_04
+389 76 361 654
info@server.com.mk
hostikonavbannerimg2
hostikhodomianbanner

Регистрирајте домен денес

Секоја интернет приказна започнува со регистрација на домен. Бидете препознаени на интернет мрежата.

Направете избор за домен

Please enter your domain. Please verify that you are not a robot.

Search results for

Loading results

Domain Names

.mk |

.com.mk |

.com |

24

години хостинг провајдер
0 +
Задоволни клиенти
0 +
Регистрирани домени

24/7

E-mail поддршка

Пребарајте ги најпопуларните домени

Обидете се да пронајдете слободен домен за регистрација што ќе биде краток, јасен и препознаен од околината.

mk_icon2
Најбараниот македонски домен
Цена од

/год.

com_mk_icon
Македонски домен за правни лица
Цена од

/год.

hostikhodomainicon1
Најпопуларен домен во светот
Цена од

/год.

hostikhodomainicon2
Домен преку кој ќе се даваат мрежни услуги
Цена од

/год.


Пред да направите нарачка за регистрација на .mk домен

проверете дали исполнувате еден од условите за регистрација т.е. дали сте физичко лице со живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија или правно лица. Правно лице регистрирано надвор од територијата на Република Северна Македонија треба да биде соодветно идентификувано преку националните регистри за правни лица од државата во која се регистрирани.

3 причини за да регистрирате домен денеска

Одберете го SERVER.COM.MK за ваш регистрар и добијте…

Едноставна процедура за трансфер на вашиот домен во нашиот регистар

Се што треба да направите е да креирате нарачка и да ни го испратите епп кодот од е-адресата на регистрантот на нашата адреса domentransfer@server.com.mk

hostikhodomainimg1
hostikhodomainimg2

Едноставен контролен панел за манипулација со сите .mk домени

2017 година за потребите на нашите клиенти изработивме контролен панел кој нуди online манипулација со .mk домените.

Регистрација на домен

Професионална поддршка и помош за регистрација на домен. Се што е потребно е да изберете домен кој е слободен за регистрација, да ја завршите процедурата за нарачка. По регистрирана уплата, пристапуваме кон процедурата за регистрација на саканиот домен.
hostikhodomainimg3

Понуда за домашни домени

Табелата ги содржи сите домени од домашниот регистар.
Цените за домашните домени се крајни и изразени се во денари, за временски период од 1 (една) година. Сите домашни домени можат да се регистрираат или обноват за период од 1 до 10 години. Освен годишните трошоци за регистрација, обнова или трансфер со обнова на домен, не постојат други трошоци.

АЛСА НЕТ ДООЕЛ Скопје (SERVER.COM.MK) Е ОФИЦИЈАЛЕН РЕГИСТРАТОР НА МАРНЕТ.
Од 01.04.2014 година МАРнет нема да врши регистрација на домени, освен за домените со фиксен дел gov.mk согласно Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен.

Тарифник за дејства и услуги поврзани со mk домени.

Одлука за организација на сите активности кои се вршат во врска со домените.

На следниот линк можете да симнете Формулар за .mk домен.

Понуда за интернационални домени​

Табелата содржи само неколку домени од целокупната понуда.

Цените за интернационалните домени се крајни и изразени се во денари, за временски период од 1 (една) година. Освен годишните трошоци за регистрација, обнова или трансфер со обнова на домен, не постојат други трошоци.

Често поставувани прашања

Имате прашање за регистрација, обнава или трансфер на домен? Ние ќе се потрудиме да дојдете набрзо до одговор!

Упатство за регистрација на домен за правно лице

За регистрација на домен на име на правно лице, потребно е да се достави пополнет формулар за регистрација на домен, потпишан од овластено лице, и тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци.

Формуларот за регистрација на .mk домен може да се преземе од следниот линк:

https://server.com.mk/wp-content/uploads/2026/03/Formular-mk-domen-ver1_0-09-03-2026.pdf

1. Доколку правното лице поседува дигитален сертификат

Ако правното лице поседува валиден дигитален сертификат издаден од КИБС или Македонски Телеком, постапката може да се заврши електронски.

Потребно е:

  1. Да се преземе и пополни формуларот за регистрација на домен.
  2. Формуларот да биде дигитално потпишан од овластено лице со валиден дигитален сертификат.
  3. Заедно со формуларот да се достави тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци.
  4. Документите да се испратат електронски на e-mail адреса: info@server.com.mk.

Во овој случај не е потребна физичка достава на документите.

2. Доколку правното лице нема дигитален сертификат

Доколку правното лице не поседува дигитален сертификат издаден од КИБС или Македонски Телеком, документите треба да се достават во оригинал.

Потребно е:

  1. Да се преземе и пополни формуларот за регистрација на домен.
  2. Формуларот да биде потпишан од овластено лице и заверен со печат од правното лице.
  3. Да се приложи тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци.
  4. Документите во оригинал да бидат доставени на следната адреса:

АЛСА НЕТ ДООЕЛ
ул. Алберт Ајнштајн бр. 8 лок. 2
1000 Скопје

Регистрацијата на доменот ќе биде обработена по прием и проверка на комплетната документација.

Напомена: Нецелосна документација, тековна состојба постара од 6 месеци или неевидентирана уплата може да ја одложи регистрацијата на доменот.

За промена на регистрант на .mk домен за правно лице, кога документите се доставуваат електронски со дигитален потпис, потребно е документација да достават и постојниот регистрант кој го отстапува доменот и новиот регистрант кој го презема доменот.

Документите треба да бидат дигитално потпишани од овластено лице со валиден дигитален сертификат издаден од КИБС или Македонски Телеком.

Формуларот може да се преземе од следниот линк:

https://server.com.mk/wp-content/uploads/2026/03/Formular-mk-domen-ver1_0-09-03-2026.pdf

1. Документи од постојниот регистрант

Постојниот регистрант, односно правното лице кое го отстапува доменот, треба да достави:

  1. Пополнет формулар за домен.
  2. Во формуларот да биде штиклирано полето: „Промена на регистрант на доменот.
  3. Формуларот да биде дигитално потпишан од овластено лице.
  4. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци.

2. Документи од новиот регистрант

Новиот регистрант, односно правното лице кое го презема доменот, треба да достави:

  1. Пополнет формулар за домен.
  2. Во формуларот да биде штиклирано полето: „Регистрација на доменот“.
  3. Формуларот да биде дигитално потпишан од овластено лице.
  4. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци.

3. Достава на документите

Комплетната документација од постојниот и од новиот регистрант треба да се испрати електронски на e-mail адреса:

info@server.com.mk

Промената на регистрант ќе биде обработена по прием и проверка на комплетната документација и по евидентирана уплата, доколку за постапката е предвидена наплата.

Напомена: Нецелосна документација, непотпишан формулар, погрешно штиклирано поле во формуларот, тековна состојба постара од 6 месеци или неевидентирана уплата може да ја одложи промената на регистрант.

Согласно правилникот од 25.11.2024 право да регистрираат име на домен во примарниот домен .mk имаат сите физички лица со живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија и сите правни лица. Правните лица регистрирани надвор од територијата на Република Северна Македонија треба да бидат соодветно идентификувани преку националните регистри за правни лица од државата во која се регистрирани.

Домен е името преку кое вашиот веб сервис ќе биде препознаен на интернет од корисниците во целиот свет.

Се што треба да направите е да креирате нарачка и да ни го испратите епп кодот од е-адресата на регистрантот на нашата адреса domentransfer@server.com.mk

За поврзување на доменот со серверот кој ќе го опслужува, потребно е да се постават именски опслужувачи. За да можете тоа сами да го направите активиравме два портала.